РАЗИГРАНИ И ФОКУСИРАНИ ЕДЕН НА ДРУГ Интимните моменти меѓу Новак и Јелена Ѓоковиќ на трибините беа забележани од камерите

За време на паузата од теренот, на трибините за време на Зимските олимписки игри, Новак и Јелена разменуваа нежности, се смируваа со малото прсте, па се смееја и беа фокусирани еден на друг, а фотографските камери го забележаа сето тоа

1
Српската тениска легенда Новак Ѓоковиќ реши да ја искористи паузата од спортските обврски на најубав можен начин – во друштво на своето семејство.
Познатиот спортист пристигна во Милано со сопругата Јелена и децата, каде што заедно ги следеа настаните на Зимските олимписки игри.
Фотографите ги забележаа на трибините, а тие привлекоа внимание поради нежните моменти што ги разменија меѓусебе сопружниците.
Новак и Јелена изгледаа опуштено и насмеано, облечени во лежерни, координирани комбинации од неутрални тонови. Во еден момент, беа фатени како се држат за малите прсти и разменуваат насмевки. Фотографиите можете да ги видите ТУКА.
Освен овие уловени моменти кога тие несвесни за околината се забавуваа меѓусебе, самиот Новак се пофали со неколку сцени од престојот во Милано на социјалните мрежи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Novak Djokovic (@djokernole)






Овој семеен излет уште еднаш потврди дека Новак, и покрај бројните професионални успеси, најмногу го цени времето поминато со своите најблиски.
Поврзани содржини