РАЗБОЈНИЦИ ОД КОСОВО ГО ОГРАБИЛЕ ОБАМЕЈАНГ Фудбалерот на Барселона сега е полесен за 300.000 евра

Четворицата разбојници побегнале со „Ауди А3“, што потврдиле и снимките од надзорните камери. Шпанскиот портал „Ара“ тврди дека полицијата го знае идентитетот на лицата кои упаднале во куќата на играчот на Барселона.

475

Разбојниците кои го претепале и го ограбиле фудбалерот на Барселона, Пјер-Емерик Обамејанг, се од Косово, тврди шпанскиот портал „Ара“.

Четворица разбојници успеале да влезат во домот на Обамејанг во раните утрински часови, а потоа со палки ги нападнале напаѓачот на Барселона и неговата сопруга и им задале неколку удари.






Им се заканувале со пиштоли и ги врзале, а потоа им ја уништиле куќата и ги ограбиле. Штетата се проценува на повеќе од 300.000 евра.

Иако добиле неколку удари, за среќа Обамејанг и неговата сопруга не се повредени.

Откако разбојниците си заминале, тие успеале да се ослободат и да повикаат полиција. На полицајците им опишале како изгледаат разбојниците и откриле дека зборувале на италијански.

Четворицата разбојници побегнале со „Ауди А3“, што потврдиле и снимките од надзорните камери. Шпанскиот портал „Ара“ тврди дека полицијата го знае идентитетот на лицата кои упаднале во куќата на играчот на Барселона.

Наводно, станува збор за група разбојници од Косово кои со години вршат вакви разбојништва. Обамејанг е една од нивните многубројни жртви.

Тие го следеле Аубамејанг со недели, еднаш се обиделе да упаднат во неговиот дом, но биле спречени од алармот. Но, синоќа дошле подготвени и ги исклучиле алармите и влегле во куќата.

Поврзани содржини