РАЗБИЕНА МРЕЖА ЗА ДЕТСКА ПОРНОГРАФИЈА ВО СТРУМИЦА Во тек е голема акција на МВР

Претреси се вршат на седум локации, се очекува да бидат одземени компјутерски уреди и податоци кои ќе служат како доказ во понатамошната постапка.

1,432

Секторот за Компјутерски криминал при Бирото за јавна безбедност во координација со Отсеците за Компјутерски криминал при СВР Битола, СВР Охрид и СВР Струмица, спроведува координирана операција на територијата на Македонија.

Според неофицијални информации, претреси се вршат на седум локации, а полицијата обезбедува докази за кривично дело „Производство и дистрибуција на детска порнографија“ по член 193-а од Кривичниот законик.






При претресите, се очекува да бидат одземени компјутерски уреди и податоци кои ќе служат како доказ во понатамошната постапка.

Како што дознава Курир.мк, едно од лицата кај кого се врши претрес е Б.К. од Струга за кого постојат информации дека е претседател на бугарско здржение „Струмичка петорка“, кој воедно е и водител на подкаст.

Б.К. се поврзува и со лицето Виктор Стојанов, претседател на бугарската фондација „Македонија“ кој има забрана за влез во Македонија.

Поврзани содржини