📽️ РАУЛ НА МАКЕДОНСКИ ИМ СЕ ОБРАТИ НА СРПСКИТЕ РАКОМЕТАРИ „Ако некој шутира…“

Раул живееше и работеше во Македонија од 2014 до 2019 година.

3

Творецот на златната ера на Вардар и поранешен селектор на македонската ракометна репрезентација, Раул Гонзалес, сега ја предводи Србија на Европското првенство.

Србите поразени од Шпанија во првото коло, се бореа против Германија. По првото полувреме Германија водеше со 17:13, а Раул бараше начин неговите избраници да се вратат во натпреварот.






Пред самиот крај од првиот дел, шпанскиот стратег побара тајм-аут. Тогаш камерите го уловија како зборува на македонски јазик.

– Ако некој шутира – вели Раул, додека српските ракометари внимателно ги слушаат неговите упатства.

Ден претходно, во микс-зоната во Хернинг, Раул на македонски рече дека на првенството ќе навива за Македонија.

Раул живееше и работеше во Македонија од 2014 до 2019 година.

Шпанецот беше промовиран за селектор на Србија на 1 јули 2025 година.

 

Поврзани содржини