РАТКО МЛАДИЌ ПАК ВАРОСАН НА ЅИД ВО БЕЛГРАД Општината го тргна, а некој пак го мие белото
Но, порталот Мондо објави видео со кое се гледа како група млади луѓе пак ја отстрануваат варта за да се види муралот.
Контроверзниот графит на некогашниот генерал на ЈНА, Ратко Младиќ кој предизвика неколку протести и немири во Белград, денеска пак е варосан по барање на станарите од зградата на улица Његошева. Но, порталот Мондо објави видео во кое се гледа како група млади луѓе пак ја отстрануваат варта за да се види муралот.
Варосувањето на озлогласениот генерал го извршила општината Врачар, а тоа таа го планирала со одлука од 20 септември годинава:
„Постапувајќи согласно прописите и одредбите од Решението за комунален ред, Одделението за инспекциски работи при Градската општина Врачар на 20.09.2021 година донесе решение со кое нареди станбените заедници на улица Његошева бр. 38 и 38б да ги отстранат графитите од предната страна на заедничката фасада, по нивно барање“, се вели во соопштението.