РАТКА КОЛЕВА-ДАМЊАНОВИЌ ДОБИТНИК НА НАГРАДАТА „СТОЈАН ХРИСТОВ“ Збирката „Кораб“ потврдува дека поезијата на македонската дијаспора е жива

Нејзините песни користат универзални мотиви и симболи – љубовта, осаменоста, поминувањето на времето, природните слики , но секогаш остануваат вкоренети во лично искуство, што им дава автентичност и ја овозможува непосредната врска со читателот.

70

Поетската книгаКораб“ од македонската поетеса Ратка Колева-Дамњановиќ е годинашен добитник наградата „Стојан Христов“ за 2025 година за најдобра книга со поезија од иселеник што ја доделува Агенцијата за иселеништво, во рамките на 64-тото издание на Струшките вечери на поезијата.

„Нејзините песни користат универзални мотиви и симболи – љубовта, осаменоста, поминувањето на времето, природните слики , но секогаш остануваат вкоренети во лично искуство, што им дава автентичност и ја овозможува непосредната врска со читателот. Така, интимниот свет на поетесата станува препознатлив и наш“, се наведува во образложението на жири-комисијата.






Претседателот на жири-комисијата Никола Ѓелинчески, во образложението посочи дека поетската збирка Кораб се издвојува со својата зрелост, емоционалната длабочина и префинетиот израз.

– Поетесата се нурнува во својот мајчин јазик и со леснотија успева да изрази силна емоција која се разлева скоро низ сите нејзини песни, независно дали пее за љубовта, отуѓеноста, домот… Ова е дело на поетеса која постојано ја одржува љубовта и страста кон поезијата, во која се разоткрива нејзината емотивна и интелектуална слоевитост. Со „Кораб“, Ратка Колева-Дамњановиќ потврдува дека поезијата на македонската дијаспора е жива, автентична и креативно богата, заслужувајќи ја годинашната награда „Стојан Христов“ – рече Ѓеличнески.

Поврзани содржини