„РАСТУРААТ“ КИПЕР МАРКЕТ, НЕПТУН, ДАУТИ КОМЕРЦ, АДРИЈУС, ПОФИКС… Прогласени Топ 5 компании на Стопанската комора на северо-западна Македонија
На настанот беа доделени награди на Топ 5 најуспешни компании членки на СКСЗМ кои се истакнаа со посебни достигнувања во нивните активности како водечки компании во 2021 година.
Стопанската комора на северо-западна Македонија ги објави најголемите компании на годината, на настанот Tоп 100 организиран на 20 декември 2022 година во Скопје. На настанот беа доделени награди на Топ 5 најуспешни компании членки на СКСЗМ кои се истакнаа со посебни достигнувања во нивните активности како водечки компании во 2021 година.
Најдобри пет компании, членки на СКСЗМ се: Кипер Маркет. Нептун, Даути Комерц Адријус и Пофикс.
Беа доделени и други награди, како што се наградата за филантропија која ја доби компанијата Трим и Лум, наградата за најголем раст во последните 3 години (Хилдин Комерц), наградата за бизнис предводен од жена (М Сора), наградата за најуспешно партнерство (Мак-кос), наградата за одржливост (Ројал Палас) и наградата за Топ извозник (Инг Лули).
На настанот присуствуваа еминентни личности од политиката, бизнис и граѓанскиот сектор, меѓу кои претседателот на Собранието на РСМ, вицепремиерот за економски прашања, министри од економските ресори, министерот за здравство, партиски и општински лидери итн.
СКСЗМ го организира овој настан по 12. пат.