Растителниот препарат „тапсигаргин“ се покажал како мошне ефикасен против ковид-19

Иако е „јасно дека е потребно повеќе тестирање“, според истражувачкиот тим предводен од проф. Кин-Чоу Чен, „сегашните резултати јасно покажуваат дека 'тапсигаргинот' и неговите деривати ветуваат антивирусни третмани против вирусите ковид-19 и грип“.

675

Хербалниот препарат „тапсигаргин“ е многу ефикасен против ковид-19, објави ДПА, повикувајќи се на студија од Универзитетот во Нотингем.

Според нив, антивирусниот лек „предизвикува многу ефикасен, антивирусен имунолошки одговор со широк спектар против три главни вида на човечки респираторни вируси“, вклучувајќи го и новиот ковид-19.






Иако е „јасно дека е потребно повеќе тестирање“, според истражувачкиот тим предводен од проф. Кин-Чоу Чен, „сегашните резултати јасно покажуваат дека ‘тапсигаргинот’ и неговите деривати ветуваат антивирусни третмани против вирусите ковид-19 и грип“.

Од почетокот на првиот бран на новата пандемија на коронавирус се користат неколку терапии за вирусни заболувања, вклучувајќи го стероидот дексаметазон и коктел со антитела, разработен од компанијата „Регенерон“ и применет на поранешниот американски претседател Доналд Трамп кога тој беше хоспитализиран во октомври минатата година.

Лекарите и здравствените работници препорачуваат и земање високи дози витамин Д како профилакса.

Поврзани содржини