Расте загриженоста за кралицата, кога последен пат имала контакт со принцот Чарлс

1,078

Кралското семејство одлучи дека треба да ги преземе неопходните мерки за да се заштити од коронавирусот, па поради тоа неговите членови во посебна самоизолација.

Изолацијата се зголеми по вчерашното сознание дека принцот Чарлс е заразен со коронавирусот.  Престолонаследникот на британската круна покажува благи симптоми на вирусот, а портпаролката на резиденцијата на принцот рече дека и Камила, сопругата на принцот Чарлс, исто така била тестирана, но нема вирус.






Резиденцијата истакна дека принцот Чарлс и Камила сега се наоѓаат во изолација во Балморал, Шкотска, додавајќи дека сè уште не е можно да се утврди од кого синот на кралицата Елизабета го „собрал“ вирусот.

Меѓутоа, она што ја загрижува британската јавност е кога кралицата последен пат го видела својот син. Според информациите од кралската палата, Елизабета Втора последен пат се видела со својот син на 12 март. Истакнато е дека е кралицата е со добро здравје.

– Нејзиното височество, Кралицата, е во добра состојба – потврди портпаролот на Бакингемската палата.

Поврзани содржини