РАСТЕ ВОДСТВОТО НА СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ ВО КАРПОШ Разликата е 300 гласови
Во моментов се обработени 7.6 отсто од гласовите во Општина Карпош, а Јакимовски има освоено 1.248 (53%), додека, пак, Весковски има освоено 948 гласови (41%).
Кандидатот на ГРОМ за градоначалник на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, води со 300 гласови пред кандидатот за градоначалник на СДСМ, Душко Весковски.
Според информациите на Државната изборна комисија (ДИК), во моментов се обработени 7.6 отсто од гласовите во Општина Карпош, а Јакимовски има освоено 1.248 (53%), додека, пак, Весковски има освоено 948 гласови (41%).
Инаку, во Карпош гласањето беше продолжено на избирачкото место 2652 – два часа и 30 минути.