РАСТЕ СААТНИЦАТА ВО СРБИЈА Еден час работа ќе изнесува 337 динари

Колку изнесува месечната минимална плата зависи од бројот на работни часови во одреден месец.

149

Минималната цена на трудот во Србија од 1 октомври ќе изнесува 337 динари по работен час, нето, според Одлуката на Социјалниот и економски совет, објавена во Службен весник. Во моментов, минималната плата во Србија се пресметува врз основа на вредноста на еден час работа од 308 динари.

Колку изнесува месечната минимална плата зависи од бројот на работни часови во одреден месец.






За јули 2025 година, кога има 184 работни часови, минималната плата би била 56.672 динари, додека за октомври – има ист број часови, минималната плата ќе биде 62.008 динари, што е за 5.336 динари повеќе.

За ноември, пак, исто како и за февруари, бројот на работни часови во годината е најмал – 160.

Според таа пресметка, минимумот за ноември (160 работни часови) ќе биде 53.920 динари (според стариот систем би бил 49.280 динари), додека за декември (184 работни часови) ќе бидат веќе  62.008 динари.

Поврзани содржини