РАСТЕ РИЗИКОТ ОД МЕЃУЕТНИЧКО НАСИЛСТВО ВО ЗАПАДЕН БАЛКАН Проценка на американските разузнавачи за 2024 година

Националистичките лидери најверојатно ќе ги влошат тензиите во своја политичка корист и надворешните актери ќе ги зајакнат и искористат етничките разлики, се наведува во извештајот.

318

Западен Балкан најверојатно ќе се соочи со зголемен ризик од локализирано меѓуетничко насилство во текот на 2024 година, се наведува во годишниот извештај за глобалните закани на Разузнавачката заедница на САД.

Во три кратки параграфи за Западен Балкан, документот наведува дека „националистичките лидери најверојатно ќе ги влошат тензиите во своја политичка корист и надворешните актери ќе ги зајакнат и искористат етничките разлики, за да го зголемат или заштитат нивното регионално влијание или да спречат поголема интеграција на Балканот во ЕУ или во евроатлантските институции.“






Во изештајот се потсетува дека „судирите меѓу српските националисти и косовските власти во 2023 година резултираа со смртни случаи и повредени, вклучително и повреди на мировниците на НАТО“.

Веднаш потоа се посочува дека „лидерот на босанските Срби, Милорад Додик презема провокативни чекори за да го неутрализира меѓународниот надзор во Босна и Херцеговина и да обезбеди, де факто, отцепување на својата Република Српска“.

На крајот од делот за Западен Балкан, се наведува дека „неговата (на Додик) акција може да ги поттикне водачите на бошњачкото население да го зајакнат сопствениот капацитет за заштита на нивните интереси и евентуално да доведе до насилни конфликти“.

Поврзани содржини