Поддршката за нашиот кандидат за претседател Гордана Силјановска Давкова од ден на ден расте. Сѐ поголем број граѓани ни приоѓаат и нѐ поддржуваат, ни даваат силна поддршка. Победата ќе биде голема, победа ќе биде историска, рече Ѓорѓија Сајкоски, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 5.
– Денеска сме тука во Дебарца за да ја побараме и добиеме поддршката на граѓаните од оваа прекрасна општина, составена од многу живописни села и населени места. Повикуваме на големо единство. Единство кое ќе ја зголеми победата, единство кое ќе ја зголеми поддршката и единство кое ќе ни донесе претседател кој што може, знае, кој што сака да направи да добиеме меѓународна поддршка, кој што сака да постигне внатрешно единство и кој што сака да имаме достоинствен народ и народ кој што како што ја почна да ја гради оваа држава, така да ја води и во периодот што следи – рече Сајковски.