РАСТЕ МНОЗИНСТВОТО ВО СОВЕТОТ НА ОПШТИНА АЕРОДРОМ Двајца советници ја напуштиле советничката група на СДСМ
Незадоволство и лошо функционирање на коалицијата, неофицијално е причината за заминување на советниците и по ова преструктуирање сега советничката група на СДСМ во Општина Аеродром има шест членови или еден помалку од таа на политичката партија Левица.
Советници заминуваат од редовите на советничката група на СДСМ и во иднина ќе даваат поддршка за развојните проекти предложени од градоначалникот на Општина Аеродром.
Неофицијално, станува збор за еден советник од политичката партија ПЕП 21 и еден советник од редовите на Демократскиот сојуз кој досега делувале во рамки на коалицијата со СДСМ, пишува Курир.
Незадоволство и лошо функционирање на коалицијата, неофицијално е причината за заминување на советниците и по ова преструктуирање сега советничката група на СДСМ во Општина Аеродром има шест членови или еден помалку од таа на политичката партија Левица.
Инаку по завршувањето на изборите ВМРО-ДПМНЕ имаше 14 советници, СДСМ 8, а Левица 5.