РАСТЕ ЦЕНАТА НА НАФТАТА Доларот зајакна во однос на другите валути
Американската валута зајакна во однос на европската, па цената на еврото се опадна на 1,0845 долари, додека вчера во ова време беше 1,0920 долари.
Цените на нафтата утрово забележа раст на берзите. Цената на барелот на лондонскиот пазар утрово се зголеми за 0,24%, на 87,05 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,19%, на 83,80 долари.
На девизните пазари се зголеми вредноста на доларот во однос на кошничката на валути. Но, таа е на пат кон загуба оваа недела од околу 0,5%.
Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите 6 најважни светски валути, утринава се движи околу 103,58 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 103,15 поени.
Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од вчерашните 145,85 на 145,40 јени.
Американската валута зајакна во однос на европската, па цената на еврото се опадна на 1,0845 долари, додека вчера во ова време беше 1,0920 долари.