Расте бројот на заболени со ковид-19 во Олимпиското село

Во олимпиското село ќе биде сместени најголем дел од 11.000 олимпијци, а натпреварувањата ќе се одржуваат без присуство на гледачи и под строги ограничувања, што вклучуваат секојдневни тестирања на спортистите, волонтерите, акредитираните новинари и лицата вклучени во организација на Олимписките игри.

372

Организаторите на Олимписките игри во Токио соопштија денеска дека во олимпиското село се регистрирани два случаи на зараза со коронавирус меѓу спортистите.

Нивните идентитети не се објавени, а како што се наведува во соопштението, станува збор за двајца олимпијци од иста држава, кои се натпреваруваат во иста дисциплина и биле позитивни на тестирањата.






Ден претходно беше регистриран првиот заразен со ковид-19 во олимпиското село, вклучен во организација на Игрите, чија националност не е соопштена.

Во олимпиското село ќе биде сместени најголем дел од 11.000 олимпијци, а натпреварувањата ќе се одржуваат без присуство на гледачи и под строги ограничувања, што вклучуваат секојдневни тестирања на спортистите, волонтерите, акредитираните новинари и лицата вклучени во организација на Олимписките игри.

Поврзани содржини