РАСТЕ БРОЈОТ НА ЗАБОЛЕНИ ОД ГОЛЕМА КАШЛИЦА Најалармантна е ситуацијата во Скопје

Во изминатите 7 дена регистрирани се 17 нови случаи на заразени од голема кашлица, сите во Скопје со што бројката на заразени во главниот град се искачи на 33.

266

Бројот на заболени од голема кашлица во изминатите седум дена  е зголемен на 17. Сите пријавени случаи се во Скопје, најголем број од болните на возраст од 10-19 години.

Директорот на Институтот за јавно здравје Шабан Мемети вели дека сите 17 новозаболени се од Скопје, а со нив вкупната бројка на заболени од голема кашлица се искачи на 39. Тоа претставува неколкукратно зголемување на бројот на заболени во однос изминатиот петгодишен период (2019-2022 година), кога се регистрирани вкупно 9 случаи.






Минатата недела, заклучно со 8 февруари, Институтот за јавно здравје имаше регистрирано вкупно 22 случаи на заболени од голема кашлица.

Најмногу заболени има Скопје – 33 (84,6%),  3 заболени лица има во Куманово, 2 во Гостивар и 1 во Боговиње, Тетово.

 

Поврзани содржини