Расте бројот на позитивни на ковид-19 во Црна Гора

619

Според најновите податоци од Институтот за јавно здравје на Црна Гора денеска се регистрирани осум лица позитивни на новиот коронавирус и сега има вкупно 51 активни случаи.

Од Институтот соопштија дека вчера се анализирани уште 85 примероци на ковид-19. Новозаразените лица се од Подгорица (четворица), Рожае (тројца) и Бар (еден).

Од новозаразените лица, три биле во контакт со претходно позитивни случаи, додека за петмина се бара изворот на инфекција.

Институтот за Јавно здравје на Црна Гора вчера направи вкупно 253 анализи со откриени 13 нови случаи.

Поврзани содржини