Расте бројот на ковидпациенти во болниците во Струмица, Штип и Куманово
Вокупно 763 пациенти има во болниците низ земјава. Од нив 306 се лекуваат на инфективните оддели во Скопје, а 457 во другите болници во земјата.
Вкупно 763 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот се лекуваат на инфективните оддели во земјава. Од нив 306 лица се лекуваат на инфективните оддели во Скопје, а 457 во болниците низ земјата. Во ковид–центрите има околу 350 се празни болнички кревети, соопшти Министерството за здравство.
Во изминатите 24 часа во ковид–центрите во Скопје се хоспитализрани 24 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 306 лица сомнителни и потврдени за ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.
Во ковид–центрите во болниците во другите градови е пријавено дека се лекуваат вкупно 457 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 25, во Штип 36, Тетово 13, Велес 26, Куманово 72, Охрид 56, Прилеп 78, Гостивар 17, Сруга 20 Струмица 29, Кочани 7, Кичево 6, Кавадарци 50, Гевгелија 9 и во Дебар 13 позитивни и суспектни на коронавирусот.Споредено со вчерашните бројки расте бројот на пациенти во Кумановската, Струмичката и во болницата во Штип.