Расте бројот на ковид пациенти во болниците, вкупно се лекуваат 1.315 лица
Вкупно 549 лица сомнителни и потврдени за ковид -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град
Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 766 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. Вкупно 549 лица сомнителни и потврдени за ковид -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, информира Министерството за здравство
По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 78 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 57 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 30 пациенти, во Велес се лекуваат 65 болни, а во Куманово 100 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 92 пациенти, во Прилеп 118, во ковид центарот во Гостивар 36, а во Струга 20 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 57 пациенти, во Кочани 11 во Кичево 10, Кавадарци 69, а во Гевгелија 23 лица, позитивни и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.
Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.315 и има околу 340 празни болнички кревети во ковид центрите.
Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 54 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 549 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.
Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 30 приеми.
Во ковид центарот во ГОБ „8 Септемвр“ имало 3 примени пациенти и 5 биле примени на Инфективната клиника во тек на вчерашниот ден. Во Козле не биле примени нови пациенти.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 31 оздравен пациент.
Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваат 263 пациенти.
Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 123 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 137 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле нема пациенти.На Клиниката за Детски болести има 16 деца позитивни на ковид 19 вирусот, а на ГАК лежат 10 позитивни пациентки.
Вкупно 549 пациенти потврдени и сомнителени за ковид- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.
Бројот на приеми во изминативе денови е зголемен и утрово до 8 часот имало 90 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.
Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка.