РАСТЕ БРОЈОТ НА ХОСПИТАЛИЗИРАНИ Под 10 отсто од нив се целосно вакцинирани
Во однос на вакцините, министерот спомена дека делта сојот е сој кој што е очигледно доминантен и пообрзо се шири, меѓутоа сè уште не е истражено дали истиот дава потешка слика на ковид-19.
Министерот за здравство информираше дека денеска направиле договор, систем за прием на сите пациенти кои што имаат потреба да се лекуваат болнички, од болницата во Тетово да се праќаат во Скопје, затоа штo , како што кажа, ќе се отвори вториот кат на Инфективната клиника за што е направена и координација на кадарот во Скопје.
Филипче потенцираше дека од вкупниот број на примени пациенти во болница кој што е некаде околу 150, значајно е зголемен во изминатите седум дена, а под 10 проценти се пациенти кои што се целосно вакцинирани и тоа се пациенти кои што се во релативно добра здравствена состојба во смисла на тоа да не се критични.
Во однос на вакцините, министерот спомена дека делта сојот е сој кој што е очигледно доминантен и пообрзо се шири, меѓутоа сè уште не е истражено дали истиот дава потешка слика на ковид-19.
– Вакцината е ефикасна за сите соеви на вирусите. Нешто помалку за делта сојот, бидејќи е развивана за алфа сојот, меѓутоа, сосем доволно, 70-80 проценти да заштити од болест и тоа што е најважно, без разлика која вакцина, за 20 пати го намалува ризикот од смрт од ковид-19, предизвикан од делта сојот на коронавирус – рече Филипче.
Дополни дека имајќи ги предвид епидемиолошките анкети, податоци, кои што во болницата во Тетово укажаа дека огромен број, повеќе од пола од хоспитализираните пациенти присуствувале на прослави и забави, вчера се донесоа повеќе одлуки на седницата на Владата.
– Прво, да се забранат сите настани и прослави во затворен простор, по 15 август и од 15 односно 16 август да биде задолжително прикажување на доказ потврда дека граѓанинот е вакциниран со најмалку една доза на вакцина при влез во сите затворени и отворени објекти каде што има настани, прослави, семинари – сподели Филипче.
При што изјави дека со тоа сакаат да постигнат неколку работи, помеѓу кои и да се зголеми опфатот на вакцинација, со цел да не бидеме приморани понатмау да воведуваме уште порестриктивни мерки а животните процеси да продолжат како изминатиот период.