РАСТАТ ТЕНЗИИТЕ Војската на Србија со оклопни возила на два километри од Јариње
Претседателот на Србија Александар Вучиќ укажал дека упатил недвосмислена порака на НАТО дека Србија ќе реагира, ако алијансата не реагира ако дојде до погром над Србите на Косово.
Припадници на војската на Србија се наоѓаат на пат кој води до Јариње.
Во моментот таму се четири оклопни возила кои од административната граница се оддалечени помалку од два километри, јавува Б92.
Како што пренесува РТС, не е објавено од која единица се припадниците на војската кои се покрај возилата. Војската на Србија поседува база кој е во близина на Јариње.
Министерот за одбрана на Србија порачал дека единиците на војската на Србија се во зголемена борбена готовност во гарнизоните Рашка и во Нови Пазар, бидејќи на тој начин државата сака да испрати јасна порака дека повеќе нема да се случи погром на српскиот народ.
-Нашата војска не провоцира, но е подготвена да го заштити народот доколку се случи што било што би го загрозило неговиот живот. Важно ми е да видам дека овие луѓе се расположени и спремни. Опремата и техниката кои ги набавивме се во вистински раце на професионалци – вели министерот.
Претседателот на Србија Александар Вучиќ укажал дека упатил недвосмислена порака на НАТО дека Србија ќе реагира, ако алијансата не реагира ако дојде до погром над Србите на Косово.
Вучиќ изјавил дека Србија само ја подигнала готовноста на војската, дека не влегла на територија на Косово, не затоа што ја смета за своја територија, туку дека со Кумановскиот договор и со сите одлуки кои потоа уследиле, заклучно со отворањето на административните премини, на тоа нема право.