РАСТАТ НЕГАТИВНИТЕ САЛДА НА ГРАЃАНИТЕ ВО БАНКИТЕ За еден месец е забележан раст од 11,6%

Според податоците на Народна банка, на годишна основа, вкупните кредити бележат раст од 5,7%, којшто се должи на повисоките кредити на двата сектора, со поизразен придонес на секторот домаќинства.   

314

Вкупните депозити во јануари, анализирано на годишно ниво, се зголемени за 10%, како резултат на растот на депозитите на двата сектора, со поголем придонес на секторот домаќинства, информира Народна банка.

Според податоците на банката, на годишна основа, вкупните кредити бележат раст од 5,7%, којшто се должи на повисоките кредити на двата сектора, со поизразен придонес на секторот домаќинства.






Анализирано според намената на кредитите одобрени на физичките лица, во јануари, кај потрошувачките кредити, како најзастапена категорија, е забележан месечен пад од 1,1%, при годишен раст од 5,9%. Станбените кредити се зголемени за 0,3% односно за 10,5% на месечна и на годишна основа.

Во јануари, автомобилските кредити остварија месечен и годишен раст од 0,3% односно за  12,6%,  додека кредитите одобрени на кредитни картички се пониски за 1,3% и 5,1% на месечно и на годишно ниво. Во јануари, негативните салда на тековните сметки остварија раст за 11,6% и 3,3% на месечна и на годишна основа. Кај кредитите одобрени врз други основи е забележано месечно и годишно намалување од 3,1% и 20,9%.

Поврзани содржини