РАСТАТ КРЕДИТИТЕ, АМА И ДЕПОЗИТИТЕ НА ГРАЃАНИТЕ И БИЗНИСИТЕ Долгот на граѓаните во банките порасна на 4,5 милијарди евра
Во декември граѓаните и компаниите чувале вкупно 10,7 милијарди евра, а нивниот долг кон банките се искачи на повеќе од 9 милијарди евра.
Во декември лани вкупните депозити забележале годишен раст од 10,1%, додека вкупните кредити пораснале за 13%, покажуваат податоците на Народната банка.
Според овие податоци кај депозитите растот е резултат на растот на депозитите на секторот „домаќинства”, при раст и на депозитите на корпоративниот сектор, а кај кредитите растот го обезбедија двата сектора со малку поизразен придонес на корпоративниот сектор.
Во декември граѓаните и компаниите чувале вкупно 10,7 милијарди евра, а нивниот долг кон банките се искачи на повеќе од 9 милијарди евра.
Граѓаните во банките во декември должеле 4,5 милијарди евра.
Анализата на кредитите што ги подигнале граѓаните покажува дека и натаму се најзастапени потрошувачките кредити и станбените кредити. Тие бележат годишен раст од 10,6% и од 5,8%. Долгот од потрошувачките кредити на граѓаните во декември изнесувал 2,3 милијарди евра, а од станбените кредити 1,7 милијарди евра.
Остатокот од долгот го прават автомобилските кредити, кредитите одобрени на кредитни картички и негативните салда на граѓаните.
Овој месец, автомобилските кредити на годишна основа остварија раст од 1,3%. Кредитите одобрени на кредитните картички бележат годишен пад 5,5%, а негативните салда на тековните сметки и кредитите одобрени врз други основи, бележат годишен пад од 2,5% и од 11,4%.