РАСТАТ КАМАТИТЕ Во август кредитите поскапеле за 0,01 отсто, а депозитите за 0,69 отсто

Во август, просечната каматна стапка на новоодобрените кредити бележи месечен раст од 0,03 отсто. Просечната каматна стапка на новопримените депозити изнесува 0,92 отсто и оствари месечно зголемување од 0,08 отсто, информира НБ.

39

Просечната каматна стапка на вкупните кредити во август годинава изнесува 4,34 отсто и забележа мал месечен раст од 0,01 отсто. На годишно ниво има пад од 0,15 отсто. Просечната каматна стапка на вкупните депозити е зголемена за 0,02 отсто на месечно ниво и изнесува 0,69 отсто, додека на годишно ниво забележа пад од 0,10 отсто, информира Народната банка (НБ).

-Во август, просечната каматна стапка на новоодобрените кредити бележи месечен раст од 0,03 отсто. Просечната каматна стапка на новопримените депозити изнесува 0,92 отсто и оствари месечно зголемување од 0,08 отсто – информира НБ.






Просечната каматна стапка на вкупните кредити на корпоративниот сектор во август е зголемена за 0,02 отсто во споредба со претходниот месец и изнесува 3,55 отсто.

-Месечната промена се должи на зголемувањето кај сите компоненти: каматните стапки на кредитите во денари без валутна клаузула и каматните стапки на кредитите во странска валута за 0,03 отсто како и каматните стапки на кредитите во денари со валутна клаузула за 0,01 отсто. Анализирано на годишна основа, оваа каматна стапка е пониска за 0,05  отсто – велат од НБ.

Каматната стапка на новоодобрените кредити на корпоративниот сектор изнесува 3,72 отсто и забележа месечен раст од 0,15 отсто.

-Нагорната промена е резултат на растот на сите компоненти: каматните стапки на денарските кредити со валутна клаузула, како и каматните стапки на денарските кредити без валутна клаузула и каматните стапки на кредитите во странска валута.На годишно ниво, каматната стапка на новоодобрените кредити на корпоративниот сектор оствари раст од 0,49 отсто – велат од Централната банка.

Во август просечната каматна стапка на вкупните депозити на корпоративниот сектор изнесува 1,03 отсто и се зголеми за 0,09 отсто на месечна основа.

-Каматната стапка на новопримените депозити на корпоративниот сектор, во август, оствари месечен раст од 0,16 отсто и изнесува 0,81 отсто.

-Нагорната промена се објаснува со зголемувањето на каматните стапки на денарските депозити без валутна клаузула и на каматните стапки на депозитите во странска валута,каматната стапка на денарските депозити со валутна клаузула, овој месец, изнесува 0,20 отсто, за разлика од претходните три месеци кога банките и штедилниците не примиле ваков вид депозити. Каматната стапка на новопримените депозити на корпоративниот сектор бележи раст од 0,35 отсто на годишно ниво – велат од НБ.

Во август, каматната стапка на вкупните кредити на домаќинствата, пак, е намалена за 0,01 п.п. во споредба со јули и изнесува 5,07 отсто.

Просечната каматна стапка на новоодобрените кредити на домаќинствата, во август, изнесува 4,49 отсто и во споредба со претходниот месец забележа пад од 0,10 отсто.

Во овој месец каматната стапка на вкупните депозити на домаќинствата е зголемена за 0,01 процент на месечно ниво и изнесува 0,66 отсто.

Банката информира и за раст на каматната стапка на новопримените депозити на домаќинствата која во август изнесувала 0,97 отсто што е раст од 0,05 отсто на месечна основа.

 

Поврзани содржини