РАСТАТ КАМАТИТЕ НА ДЕПОЗИТИТЕ Просечната камата на вкупните депозити изнесува 1,93%

Во јули каматната стапки на вкупните депозити на домаќинствата изнесува 1,89%, додека кај корпоративниот сектор таа изнесува 2,28%.

1,505

Растат каматите на депозитите, а опаѓаат каматите на кредитите, покажуваат податоците на Народна банка (НБ), објавени за месец јули.

Така, просечната каматна стапка на вкупните депозити во јули пораснала за 0,43 процентни поени и изнесува 1,93%, додека просечната каматна стапка на кредитите се намалила за 0,03 процентни поени и изнесува 5,46%.






Во јули каматната стапки на вкупните депозити на домаќинствата изнесувала 1,89%, додека кај корпоративниот сектор таа изнесувала 2,28%.

Банките во јули на новопримените депозити на граѓаните им пресметаа просечна камата од 2,68%, додека за компаниите каматната стапка изнесува 3,03%.

Граѓаните во јули се задолжувале со повисоки каматни стапки. Просечната каматната стапка на вкупните кредити на домаќинствата, во јули, изнесувала 5,67%, што претставува месечен раст од 0,01 процентни поени. Во истиот период просечната каматна стапка на вкупните кредити на корпоративниот сектор, забележа месечен пад од 0,03 процентни поени и изнесуваше 5,23%.

Новите кредити на граѓаните одобрени во јули биле со каматна стапка од 5,67%, , додека кај корпоративниот сектор новоодобрените кредити се со каматна стапка од 4,96% .

Поврзани содржини