📷 РАСТА СЕ ОГЛАСИ ПО ОПЕРАЦИЈАТА! Раперот сподели фотографија од болничкиот кревет и го кажа само ова 

Раста на својот инстаграм-профил сподели слика од болничкиот кревет и директно им се обрати на следбениците.

320

Познатиот српски рапер Стефан Ѓуриќ Раста денеска беше опериран, а интервенцијата поминала во најдобар ред.

Пред два дена итно бил примен во болница поради болки во грбот, поради што не можел да оди, а лекарите го известиле дека состојбата е посериозна отколку што мислел.






Откако се разбудил од анестезија, Стефан веднаш се огласил на својот инстаграм-профил. Раста сподели фотографија од болничкиот кревет и им се заблагодари на следбениците што се грижеле за него, како и на докторот кој го оперирал.

– Му благодарам на Бог, на сите вас, а особено на д-р Марко. Операцијата заврши – напиша тој на Инстаграм.

Инаки, Раста пред операцијата се огласи на Инстаграм со фотографија од болница и им се заблагодари на сите кои се со него во тешките моменти низ кои поминува.

„Ви благодарам на сите за вашата бескрајна поддршка и помош, за жал, понекогаш дури во вакви ситуации човек сфаќа кого има покрај себе, а јас ги имам најпрекрасните луѓе и ви благодарам за тоа. Денеска одам на операција, се надевам на брзо закрепнување и дружење, на досега закажаните места. На оние кои се безобразни и без разбирање им го посакувам истото што ми се случи и не дај Боже никогаш да не присуствуваат на мојот настап затоа што тоа не е моја публика, сите други ве сака Раста“, порача раперот.

Инаку, Раста цело време со него е својата девојка Марија која го поддржува, а таа објави и селфи од болница.

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини