РАСТА ПУШТЕН ОД ПРИТВОРОТ ВО МАКЕДОНИЈА Се огласи тимот на српскиот рапер

Српскиот рапер Стефан Ѓуриќ Раста беше приведен во саботата со марихуана на стадионот во Охрид пред самиот концерт .Стефан Раста помина еден ден во притвор за поседување наркотици.

2,688

Српскиот рапер Стефан Ѓуриќ Раста беше приведен во саботата со марихуана на стадионот во Охрид пред самиот концерт .Стефан Раста помина еден ден во притвор за поседување наркотици.

Сега тимот на Раста даде официјално соопштение по овој повод, наведувајќи дека раперот е пуштен од притвор.






– Стефан Ѓуриќ Раста е пуштен од од краткиот административен притвор во Северна Македонија, кој, со целосна соработка, брзо заврши. Раста и „Балкатон генг“ продолжуваат со своите активности без запирање. Им благодариме на фановите во Македонија за нивната голема поддршка, разбирање и трпение. Искрено се надеваме дека наскоро ќе има можност за ново дружење. Стефан лично ќе се обрати на јавноста кога ќе дојде вистинскиот момент за тоа. Ги молиме медиумите за одговорно известување и им благодариме на сите за нивното разбирање и поддршка. Вашиот „Балкатон генг“ – се вели во соопштението.

Да потсетиме дека претходно обвинителството во Македонија даде соопштение во врска со овој случај.

„На 03.08.2025 година, во 00:10 часот, на спортскиот стадион во Охрид, полициски службеници од криминалистичката полиција при Одделот за внатрешни работи во Охрид го лишиле од слобода С.Ѓ. (36) од Белград, Република Србија, од кого при претресот била пронајдена и конфискувана опојната дрога марихуана. Осомничениот е приведен во полициската станица, а по комплетирањето на документацијата, против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, се наведува во полицксиот билтен.

Стефан Ѓуриќ Раста во Охрид требаше да настапи на концертот на познатата светска ѕвезда Џејсон Деруло.

Поврзани содржини