Раста ќе ја тужи Република Србија, адвокатот на раперот откри за што се работи

708

Српскиот рапер и поранешен сопруг на пејачката Ана Николиќ, Стефан Ѓуриќ Раста, веќе неколку месеци се наоѓа во затвор поради наводна трговија со наркотици, пишува „Мондо.ба“

Неговиот адвокат пренесува дека Раста смета дека е незаконски 83 дена зад решетки, поради што размислува да покрене постапка.






– Ако на крајот се покаже дека Стефан не е целосно виновен, тој ќе има право на отштета од државата за целата материјална и нематеријална штета што му е нанесена. Мојот клиент има право на тужба и надомест на штета, која што ќе му биде исплатена од државниот буџет, а тоа значи од нашите џебови – рекол адвокатот на Раста, Урош Милосављевиќ.

Адвокатот додава дека во спротивно, ако се докаже дека е виновен, „тој нема право на отштета, така што сè зависи од казната што ќе му биде изречена“.

– Тој е сосема незаконски зад решетки. Не му е таму местото. Обвинителството тврди дека тој препродава дрога, а ние велиме дека станува збор за незначителна количина наркотици кои што ги користел за сопствените цели. Не постои ниту еден доказ дека тој препродава дрога, а тие поради тоа го држат во притвор. Тој седи во ќелија затоа што е позната личност, сè со цел да им се испрати порака на луѓето дека нема недопирливи. Раста не е единствената личност што „дува“, но спорно е дека тој е јавна личност – рекол Милосављевиќ.

 

 

Поврзани содржини