РАСТ НА ЕКОНОМИЈАТА МЕЃУ 4 И 6% ВО ВТОРИОТ КВАРТАЛ Мицкоски вели дека се направени гигантски чекори во економијата
Премиерот посочи и дека остатантие параметри се исто така гигантски - градежништвото, бројот на издадени дозволи, вредноста на објектите кои се мерат во 20, 30, 40, 50 и 60 проценти повеќе споредено со истиот период лани.
Правиме гигантски чекори во економијата. Во мај бележиме историски раст на индустриското поризводство од 9,4%, имаме поголем извоз на земјоделски производи за 57 % во првите пет месеци од годинава во однос на истиот период лани и 22% повеќе туристи во првиот квартал споредено со првиот квартал лани. Кога кажавме дека БДП на реална основа во првиот квартал пораснал за 3,2% споредено со истиот период минатата година и дека тоа е четврти резултат во Европа, веднаш зад Ирска, Данска и Полска, многумина не исмејуваа. Но, сега можам да најавам дека во вториот квартал ќе имаме уште подобар резултат, имајќи ги предвид овие индикатори, дека ќе се движиме меѓу 4 и 6% што е гигантски чекор, зашто првите индикатори од првите два месеца во вториот квартал, април и мај, се огромни .
Ова го изјави премиерот Христијан Мицкоски во обраќањето на поставувањето на камен темелник на Ветерен парк во Штип.
Тој додаде и дека и остатантие параметри се исто така гигантски – градежништвото, бројот на издадени дозволи, вредноста на објектите кои се мерат во 20, 30, 40, 50 и 60 проценти повеќе споредено со истиот период лани.
-Ова го зборувам со една цел – дека не може да има силна економија ако на одреден начин не сте ја повратиле довербата во инвеститорите, а довербата се враќа на два начина: првиот е дисциплина во работењето и чесност, а второто – битка со криминал и корупција и владеење на правото – рече Мицкоски.
Тој информира и дека утрово ја прочитал веста според која Канцеалријата за туризам на ОН ја вметнала Македонија како осма дестинација за туризам во светот, со раст на турсити од 22% во првиот квартал оваа година споредено со првиот квартал лани.
– Силно сме посветени на економијата зашто силно веруваме дека имаме огромен потенцијал кој може да не одведе со гигантски чекори напред и тоа го правиме и такви се првичните идникатори годинава, за разлика од чекорењето наназад изминатите седум години. Во првиот квартал, првите пет месеци, првата половина пд годината, чекориме со гигантски чекори напред -рече Мицкоски.