РАСТ НА ЦЕНАТА НА НАФТАТА ОД 10% ЕДНА ГОДИНА БИ ЈА ЗГОЛЕМИЛ СВЕТСКАТА ИНФЛАЦИЈА ЗА 0,4% Директорката на ММФ апелира владите да ги обноват фискалните резерви за идните шокови

Директорката на ММФ ги повика креаторите на политиките да ги подготват економиите за нови предизвици што ги надминуваат политичките граници, вклучувајќи ги новите технологии и трговските конфликти.

37

Директорката на Меѓународниот монетарен фонд, Кристалина Георгиева, изјави дека зголемувањето на цените на нафтата од 10%, кое би траело една година, би ја зголемило глобалната инфлација за околу 0,4 процентни поени.

Тоа исто така би го забавило економскиот раст за 0,1 до 0,2%.






Георгиева вели  дека светската економија досега покажала неверојатна отпорност со стапка на раст од 3,3%, но дека новиот конфликт на Блискиот Исток ја ставаат таа отпорност пред нов предизвик.

Таа предупреди дека механизмите за заштита на многу земји се „истрошени“ по претходните економски шокови.

Особено ранливи се земјите што увезуваат нафта, економиите на островите во Пацификот што се на крајот од глобалните синџири на снабдување, како и земјите со ниски приходи и високо ниво на јавен долг, истакна директорката на Фондот.

Георгиева изјави дека ММФ има програми со околу 50 земји и е подготвен да ги прошири постојните аранжмани или да започне нови доколку глобалната неизвесност дополнително се зголеми.

Таа апелираше до владите внимателно да го следат движењето на цените и девизните курсеви, како и да ги обноват фискалните резерви во периоди на поволен економски раст, со цел подобро да се подготват за идните шокови.

– Нашиот совет до членовите е јасен: дејствувајте решително за да го ставите сопствениот дом во најдобар можен ред, во свет каде што има сè поголема неизвесност – рече Георгиева.

Таа ги повика креаторите на политиките да ги подготват економиите за нови предизвици што ги надминуваат политичките граници, вклучувајќи ги новите технологии и трговските конфликти.

Поврзани содржини