РАСТ НА БДП ОД 3,8% ВО ПОСЛЕДНИОТ КВАРТАЛ ЛАНИ Градежништвото забележа раст од 14,6%
Според сезонски и календарски прилагодените податоци, стапката на раст на бруто-домашниот производ во четвртото тримесечје од 2025 година, во однос на четвртото тримесечје од 2024 година, е 3,4%.
Домашниот бруто производ производ (БДП) порасна за 3,8 % во четвртото тримесечје од 2025 година во однос на четвртото тримесечје од 2024 година, објави Државниот завод за статистика.
Во последниот квартал од 2025 година поголем пораст е забележан во секторите Градежништво од 14,6% и Стручни, научни и технички дејности; Административни и помошни услужни дејности од 8,1%.
Финалната потрошувачка во четвртото тримесечје од 2025 година номинално расте за 6,4%, а нејзиното учество во структурата на бруто-домашниот производ е 77,9%.
Бруто-инвестициите во четвртото тримесечје од 2025 година номинално растат за 5% како резултат на порастот на бруто-инвестициите во основни средства.
Според сезонски и календарски прилагодените податоци, стапката на раст на бруто-домашниот производ во четвртото тримесечје од 2025 година, во однос на четвртото тримесечје од 2024 година, е 3,4%.
Растот на БДП во првиот квартал лани изнесуваше 2,9%, во вториот 3,5% и во третиот квартал 3,8%.