РАСТ НА БДП ОД 3,2% ВО ЧЕТВРТИОТ КВАРТАЛ ЛАНИ Финалната потрошувачка на домаќинствата пораснала за 6%,
Финалната потрошувачка на домаќинствата, учество во структурата на БДП изнесува 66,1%.
Стапката на раст на домашниот бруто производ (БДП) во четвриот квартал лани е 3,2%, објави денеска Државниот завод за статистика (ДЗС).
Во четвртиот квартал од 2024 година, поголем пораст е забележан во секторите „градежништво“ од 13,2% и „стручни, научни и технички дејности“; „административни и помошни услужни дејности“ од 10,6“
Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во четвртото тримесечје од 2024 година, номинално порасна за 6%, а нејзиното учество во структурата на БДП изнесува 66,1%.
Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално е намален за 3,1%, а увозот на стоки и на услуги забележа зголемување во номинален износ од 2%.
Минатата година, во првиот квартал БДП изнесуваше 1,2%, во вториот квартал 2,3%, а во третиот 3% што значи дека лани БДП пораснал за 2,43%.