РАСТ БРОЈОТ НА ПРЕБЕГНАТИ ОД НАГОРНО КАРАБАХ Ерменските власти соопштија дека пристигнале над 28.000 бегалци

Инаку, бројот на жртвите од вчерашната експлозија во складиште за гориво во Нагорно Карабах достигна 125, објавија денеска азербејџанските медиуми, повикувајќи се на ерменското Министерство за здравство.

259

Ерменија соопшти дека досега од Нагорно Карабах на ерменска територија пристигнале повеќе од 28 илјади бегалци, пренесоа светските агенции.

Азербејџан го отвори единствениот пат од Нагорно-Карабах до Ерменија во неделата, четири дена откако сепаратистите од регионот се предадоа во азербејџанската операција и беше постигнат договор за прекин на огнот, ставајќи го Нагорно Карабах под контрола на Баку.






Инаку, бројот на жртвите од вчерашната експлозија во складиште за гориво во Нагорно Карабах достигна 125, објавија денеска азербејџанските медиуми, повикувајќи се на ерменското Министерство за здравство.

Телата на загинатите во експлозијата кај Степанакерт во Нагорно Карабах се пренесени во Ерменија, се вели во соопштението.

Поврзани содржини