РАСПУСТОТ ВО СРБИЈА ЌЕ ТРАЕ ЕДЕН МЕСЕЦ? Епидемиологот Тиодоровиќ вели дека три опции се во игра
Постои веројатност дека зимскиот распуст ќе трае до православен Бижик или до Стара нова година, изјавил епидемиологот Бранислав Тиодоровиќ, пренесува Мондо.
Српскиот епидемиолог Бранислав Тиодоровиќ, член на Кризниот штаб за борба против коронавирусот, денеска изјави дека зимскиот распуст ќе биде продолжен, па наместо на 31 декември ќе започне на 15 декември.
– Со продолжување на распустот за учениците ќе биде опфатен празничниот период за верниците кои слават по католичкиот календар. Католички Божик е пред Нова година, а имаме и наши луѓе кои живеат и кои работат во Европа, а кои доаѓаат во Србија токму во тој период. Постои веројатност дека зимскиот распуст ќе трае до православен Бижик или до Стара нова година – изјавил Тиодоровиќ, пренесува Мондо.
Според епидемиологот, втората можност е распустот да започне подоцна, неколку дена пред Нова година.