РАСПОРЕДУВАЊЕТО МИРОВНИЦИ НА ФРОНТОТ МОЖЕ ДА ДОВЕДЕ ДО ВОЈНА Студен туш од Захарова за европските лидери
Русија категорично се спротивставува на таквото сценарио (испраќање западни мировни сили во Украина), кое се заканува со директен конфликт меѓу Русија и НАТО, рече портпаролката на руското Министерство за надворешни работи.
Москва денеска остро се спротивстави на распоредувањето западни мировници во Украина, предупредувајќи дека тој потег може да доведе до директен конфликт меѓу Русија и НАТО.
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека Москва е „категорично против“ распоредувањето на западните мировници во Украина, обвинувајќи ги Лондон и Париз дека со тоа ги прикриваат плановите за воена интервенција.
– Русија категорично се спротивставува на таквото сценарио (испраќање западни мировни сили во Украина), кое се заканува со директен конфликт меѓу Русија и НАТО – рече Захарова на прес-конференција.
Таа додаде дека Лондон и Париз „продолжуваат да прават планови за воена интервенција во Украина“ и дека „тоа го прикриваат како некаква мировна мисија“.
Франција и Велика Британија одделно покренаа иницијатива за распоредување европски вооружени сили во Украина, со цел да се обезбеди спроведување на мировниот договор со одвраќање на Русија од повторен напад на земјата.