Распишана меѓународна потерница за нарко-босовите од Грчец, МВР објави нивни фотографии
Полицијата успеа да приведе неколку лица, но главните успеале да побегнат, па денеска се распишани меѓународни потерници, а нивните фотографии се објавени на сајтот на МВР.
Министерството за внатрешни работи (МВР) распиша меѓународна потерница за нарко-босовите од Грчец по акцијата „Планина“ која беше спроведена во текот на минатата недела.
Полицијата успеа да приведе неколку лица, но главните успеале да побегнат, па денеска се распишани меѓународни потерници, а нивните фотографии се објавени на сајтот на МВР.
Станува збор за Седат Бајрами, Бесир Љатифи и Егзон Зендели, Сенат Љатифи, Иљаз Муареми и Исмаил Рогачи.
Претходно беше уапсено 21 лице во акцијата.