РАСПАДОТ НА УКРАИНА БИ БИЛ КАТАСТРОФА ЗА УНГАРИЈА Предупредување од унгарскиот премиер Орбан
Унгарија ја снабдува Украина со 44 отсто електрична енергија и 58 проценти гас. Во меѓувреме, војната ја слабее Украина секој ден, напиша Орбан на платформата Икс.
Распадот на Украина би имал сериозни последици по Унгарија, рече денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан.
„Немојте да се залажувате, распадот на Украина би бил катастрофа за Унгарија“, напиша Орбан на платформата Икс.
Тој додаде дека стабилноста на соседните држави е важна.
„Унгарија ја снабдува Украина со 44 отсто електрична енергија и 58 проценти гас. Во меѓувреме, војната ја слабее Украина секој ден. Само мирот може да ја зајакне. Секој кој навистина ја поддржува Украина мора да сака мир“, објави Орбан.