🎥 РАСКРВАВЕНО ДЕВОЈЧЕ, НАПАДНАТИ ПОЛИЦАЈЦИ, УАПСЕНИ 4 ХУЛИГАНИ Комити и Чкембари се истепаа на дербито Пелистер-Вардар
На натпреварот во Битола Еурофарм Пелистер го победи Вардар со 28-23 во 16. коло од ракометната Суперлига.
Тројца припадници на навивачката група Комити се приведени при влегување на ракометното дерби помеѓу Еурофарм Пелистер и Вардар, што се одигра вчера во Битола. Уште при влегување во салата тие нападнале полицајци, а претходно дошло до тепачка со ривалската група Чкембари. Подоцна полицијата уапси и еден од навивачите на Еурофарм Пелистер, кој провоцирал тепачка со Комитите.
„На 10.12.2025 во 18:45 часот на влезот во спортската сала „Боро Чурлевски” во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги лишија од слобода П.Н.(20), Н.А.(24) и Д.М.(24), сите од Скопје. При влегување на навивачка група од Скопје во спортската сала на ракометен натпревар, бил нарушен јавниот ред и мир, при што тие физички нападнале неколку полициски службеници кои преземале службени дејствија.
Подоцна, во 19:20 часот на влезот во спортската сала, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода и Н.Ѓ.(34) од Битола затоа што го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување и повикувал на насилство. По целосно документирање на настаните, против лицата ќе бидат поднесени соодветни поднесоци“ – информира СВР Битола.
На една од снимките на натпреварот може да се види дека девојче од публиката излегува од трибините со раскрвавено лице, наводно, била погодена од монета фрлена од страната каде што седеле Комитите.
На натпреварот во Битола Еурофарм Пелистер го победи Вардар со 28-23 во 16. коло од Суперлигата.