РАСКОМОТЕН ДОМА НА ИТАЛИЈАНСКИ МЕБЕЛ КАЖУВА ДОСЕТКИ ВМРО-ДПМНЕ го обвини Меџити дека шири демагогија
Канцер мафија хара низ Онкологија, народот страда, а Фатмир Меџити како министер за здравство се однесува како експерт, од кого не зависи ништо, реагира ВМРО-ДПМНЕ.
Меџити, порача ВМРО-ДПМНЕ, да не се прави наивен и чесен, да каже колку пари дал за ексклузивен италијански мебел за куќата која ја зема по багателна цена од „Пуцко Петрол“.
„Наместо да си ја работи работата како министер тој очигледно раскомотен во скапиот мебел раскажува досетки. Доколку Меџити сакаше, тој можеше инстант да ги разреши сите опфатени во случајот канцер мафија, но наместо тоа тој шири демагогија“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.