РАСКИНАТИ 45 КОНЦEСИИ ВО РУДАРСТВОТО И ВО ЕНЕРГЕТИКАТА Божиновска најавува остра борба со тие што не ги почитуваат законите

Од јануари до 1 октомври годинава се спроведени 170 вонредни и 78 редовни инспекциски надзори

102

Вкупно 45 концесии се раскинати од кои 34 еднострано, а за 11 договорите се истечени и не се продолжени, информира министерката за енергетика Сања Божиновска.

На денешниот брифинг со новинарите, Божиновска рече дека причините за ова се непочитување на законските одредби и на еколошки мерки, неплаќање концесиски надоместоци, пренесување концесија без согласност и експлоатација надвор од дозволениот предел.






Според министерката, сите концесии ќе бидат јавно објавени.

– Од јануари до 1 октомври годинава се спроведени 170 вонредни и 78 редовни инспекциски надзори – потенцира Божиновска и најави многу построги критериуми во однос на издавањето и контролата на концесиите.

Во Државниот инспекторат за енергетика и рударство работат околу 14 инспектори, но недостигаат минимум уште толку.

Поврзани содржини