РАСКИНАТИ 3 КОНЦЕСИИ ЗА ЕКСПЛОАТАЦИЈА НА МИНЕРАЛИ Концесионерите не го почитувале договореното

Министерството за енергетика и рударство соопшти дека ги засилува и контролите на субјектите кои имаат добиено концесии.

128

Владата, по предлог на Министерството за енергетика еднострано раскина 3 договори за концесија за експлоатација на минерални суровини и одби едно барање за концесија. Одлуките се веќе објавени во Службен весник.

Министерството за енергетика и рударство соопшти дека ги засилува и контролите на субјектите кои имаат добиено концесии.






– Нашата цел е транспарентно и одговорно управување со природните ресурси. Со засилената контрола и примената на законските мерки, обезбедуваме фер и одржлива експлоатација, која носи економски придобивки за државата и поддршка за локалните заедници. Овие одлуки се директна последица на посветените активности и системската работа на Министерството за воспоставување на највисоки стандарди за транспарентно и фер управување со природните ресурси, подобрување на наплатата и зајакнување на контролата врз обврските на концесионерите – вели министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска.

Како што информира Министерството за енергетика и рударство, од формирањето на ресорното министерство досега, се донесени 34 одлуки за едностран раскин на концесии меѓу кои 11 за истекување на договорот за концесија.

-Причините се: непочитување на законските одредби за експлоатација на минерални суровини, неплаќање на концесиски надоместоци согласно утврдениот тарифник, непочитување на мерките за заштита на животната средина, пренесување на концесијата на друг субјект без согласност и експлоатација надвор од одобрениот експлоатационен предел како и истекување на договорот за концесија – велат од министерството.

Минисерството веќе води регистар за одземени концесии кој наскоро ќе го објавен на неговата интернет страница.

Министерството соопшти и дека спроведуваат редовни и вонредни теренски проверки за усогласеност со законските обврски, а испратени се предупредувања до концесионерите, а едностран раскин на договори се применува кон оние кои не ги почитуваат законите.

Поврзани содржини