РАШТРКАНИ СТЕ НА ПОГРЕШНИ МЕСТА Њујорк Тајмс вели дека не е до контраофанзивата, туку до организацијата

Еден американски претставник наведува дека главната цел на контраофанзивата треба да биде прекинување на руските линии за снабдување во јужна Украина, но наместо тоа, според официјалниот претставник, украинските команданти подеднакво ги поделиле трупите меѓу истокот и југот.

938

Украинската војска се измачува да ја пробие руската одбрана во голем дел затоа што има премногу војници на погрешни места вклучително и некои од нејзините најдобри борбени единици, објави денеска Њујорк Тајмс, цитирајќи неименувани американски претставници.

Еден од нив наведува дека главната цел на контраофанзивата треба да биде прекинување на руските линии за снабдување во јужна Украина, но наместо тоа, според официјалниот претставник, украинските команданти подеднакво ги поделиле трупите меѓу истокот и југот.






Како резултат на тоа, повеќе украински војници се лоцирани во близина на Бахмут и други градови на исток отколку во близина на Мелитопол и Запорожје на југ, што се стратешки поважни.

Неименуваниот функционер забележува дека темпото на контраофанзива може да се смени само со драматична промена на тактиката.

Друг соговорник на американскиот весник истакнува дека Украинците се премногу разместени на различни страни и дека треба на едно место да ја консолидираат својата борбена моќ.

Американските власти велат дека постојат индиции дека Украина почнала да преместува дел од своите поискусни борбени трупи од исток кон југ, но дури и најискусните единици биле заменети неколку пати поради бројни жртви.

Тие сега се потпираат на се помал број високи команданти, додека некои единици главно се екипирани со војници кои се ранети и вратени во борба, рекоа неименуваните официјални лица.

Познатиот Институт за истражување на војната ИСВ објави мапа од неодамнешната состојба на фронтот.  Во извештајот за 22 август се вели дека Украинците направиле пробив ка Роботње и Новопокровка, во западниот дел на регионот Запорожје.

 

 

Поврзани содржини