РАШКОВСКИ Ѝ СЕ СМЕЕ НА ПРАВДАТА ВО ЛИЦЕ Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека правдата со СДСМ на власт е мисловна именка
Останаа недоговорени прашања по која линија Александар Пиперевалиев му е братучед и како од Дрисла се исплатени 850.000 евра за багери!? Рашковски е човек кој што го негираше и софтверот што го продаде на МВР, а којшто не е одговара на системот на камери.
Правдата со СДСМ на власт е мисловна именка, доказ за тоа е и ослободувањето на Драги Рашковски, премиерот Ковачевски го ослободи миленикот на Зоран Заев, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ
„Рашковски се смее на правдата во лице, наместо во затвор му се укина и куќниот притвор. Останаа недоговорени прашања по која линија Александар Пиперевалиев му е братучед и како од Дрисла се исплатени 850.000 евра за багери!? Рашковски е човек кој што го негираше и софтверот што го продаде на МВР, а којшто не е одговара на системот на камери. Рашковски го негираше и „Леонардо“, па излезе аудио-снимка којашто ја потврди. Скандалот ШИК Јелак како и другите останаа нерасчистени“, велат од партијата.
Од ВМРО-ДПМНЕ се сомневаат дека додека на влаест е коалицијата на СДСМ, ќе можат да се создадат услови за расчистување на процесите поврзани со Рашковски.