Рашковски од куќен притвор се сели во Шутка

Се очекува поранешниот генерален секретар на Владата да биде пренесен од домашен притвор во активен притвор во Шутка уште денеска.

1,285

Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција ја прифатил жалбата на јавниот обвинител и им определил 30-дневен притвор на лицата Драги Рашковски и Даниел Станчевски, во врска со „истрагата за набавка на софтвер“.

„Заради интерес на медиумите околу предлогот на Јавниот обвинител во однос на истрагата за набавка на софтвер, ја информираме јавноста дека: Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција, постапувајќи по жалби изјавени против решенијата на судија на претходна постапка од 16.04.2021 година со кои на Д.Р. и Д.С. им се определува мерка куќен притвор со дополнителни мерки за претпазливост, денеска одржа седница во присуство на странките, по која ценејќи го предлогот како и изјавените жалби донесе решение со кое ја прифати жалбата на Јавниот обвинител и го преиначи решението на судија на претходна постапка. Со тоа на осомничените Д.Р. и Д.С. им се определува мерка притвор во траење од 30 дена заради постоење на основите од член 165 ст.1 т.1 и 2“, стои во соопштението од Кривичниот суд.






На 16-ти овој месец судија на претходна постапа во Основниот кривичен суд – Скопје по четиричасовниот распит му одреди куќен притвор на поранешниот генерален секретар на Владата Рашковски, осомничен во случајот за јавна набавка на софтерот за сообраќајни прекршоци. На распит беше спроведен и Даниел Станчевски од Друштвото за инженеринг, информатика и дигитален дизајн „Инвока груп“, од кое Генералниот секретаријат на Владата го купил софтверот за определување на брзина на возила во сообраќај и изрекување казни, кому судот исто така тогаш му определи мерка куќен притвор.

Поврзани содржини