РАШКОВСКИ НЕ ИЗНЕСУВАЛ, ТУКУ ВНЕСУВАЛ КЕШ ВО МАКЕДОНИЈА Демантира дека бил задржан на границата со Грција
Станува збор за легално пријавени средства на царинскиот службеник, со извод од банка, кои се внесуваат во државата, а не се изнесуваат. Ве молам како медиуми да не ширите невистини, објави Рашковски.
Поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски на својот профил на Фејсбук демантира дека бил задржан на граница во обид да изнесе 20.000 евра од Македонија во Грција.
„Во врска со некои натписи на медиумите дека сум задржан на граница со Грција се апсолутно невистина.
Станува збор за легално пријавени средства на царинскиот службеник, со извод од банка, кои се внесуваат во државата, а не се изнесуваат. Ве молам како медиуми да не ширите невистини“, објави Рашковски.
Повеќе медиуми денеска пренесоа информација дека македонската царина при претрес на возилото го фатила екс генералниот секретар на Владата на Заев, Драги Рашковски со 20.000 евра кеш, за кои немал покритие, ниту биле пријавени, како и дека е задржан на границ, а парите се конфискувани.
Поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски и уште шестмина обвинети добија затворски казни за злоупотреби од 3 до 8 години затвор во случајот „Софтвери“. Рашковски доби 8 години затвор.