Генералниот секретар на Владата Драги Рашковски е позитивен на ковид-19 и e хоспитализиран на Инфективната клиника, а неговата состојба е стабилна, потврдија од Министерството за здравство за Телма. Рашковски за Телма потврдил дека е позитивен и дека е во добра состојба. Тој учествувал на вчерашната он лајн седница на Владата.
Завршени се епидемиолошките анкети на министерот за внатрешни Оливер Спасовски и само еден член од семејството ќе оди во самоизолација. Другите кои изминатиов период имале контакт со Спасовски, епидемиолозите оцениле дека нема висок ризик да се заразат.
– Од епидемиолошката анкета со министерот Спасовски, оценето е дека само за едно лице постои ризик од среден, односно од висок степен на загрозеност – изјави Ирина Бухова, директор на Државниот здравствен и санитарен инспекторат.