РАШИРИ ПАНИКА И СТРАВ СО ОБЈАВАТА ЗА СМРТТА НА МАТУРАНТОТ Професорката Ачковска повикана на службен разговор, на потег е Обвинителството

МВР вчера ги демантираше гласините кои се ширеа преку социјалните медиуми дека се пронајдени починати средношколци во Градскиот парк во Скопје поради злоупотреба на дрога.

699

Професорката Виолета Ачковска денеска била повикана на службен разговор во полициска станица, откако завчера на Фејсбук објави дека гимназијалец од Скопје починал откако му била подметната дрога во пијалак во кафуле. Оваа објава предизвика силно вознемирување во јавноста, а веста за починатото момче брзо се прошири и во медиумите.

„Во полициска станица при СВР Скопје бил извршен службен разговор со В.А., поради наведени податоци дека гимназијалец бил отруен со дрога ставена во пијалак, во објавен статус на социјалната мрежа Фејсбук, а со цел да се обезбедат евентуални дополнителни податоци во врска со случајот кои лицето може да ги има. В.А. во разговорот појаснила дека нема информација за таков настан, туку дека слушнала муабети од деца, а кога новинари телефонски ја повикале да поразговараат на темата, тогаш сфатила дека направила грешка и го избришала статусот. Во врска со случајот од страна на СВР Скопје ќе биде известено Основното јавно обвинителство Скопје, со цел добивање насоки за понатамошни мерки и активности“, информираат од МВР.






Ачковска напиша дека средношколецот починал од подметната дрога, но по некое време таа го избриша постот од својот профил на Фејсбук.

Министерството за внатрешни работи вчера ги демантираше информациите за наводно пронајдени починати средношколци во Градскиот парк во Скопје, поради употреба на дрога, кои се ширеаа по социјалните медиуми.

„Овие лажни вести започнаа оркестрирано да се шират на социјалните медиуми во изминативе неколку дена, при што заедничката шпекулација за сите е дека група средношколци наводно починале од употреба на дрога во скопскиот Градски парк, а низ објавите се разликува само бројката на лица кои биле во групата, која варира од 3 па сѐ до 9, како и периодот на наводно случување на наводниот настан – од викендов, па сѐ до денеска (15.03.2023). МВР категорично ги отфрла овие лаги, бидејќи пријава за таков настан не постои. Очигледна е целта на овие пласирани лажни вести – да предизвикаат паника, вознемиреност, постојано чувство на страв и несигурност кај граѓаните, во случајов кај младите и нивните родители, да нанесат штета на институциите и недоверба кон нив. Воедно, им благодариме на медиумите кои не подлегнуваат на ваквите лажни вести и информациите ги проверуваат во надлежните институции“, беше наведено во демантот на Министерството за внатреши работи.

КОНТРОВЕРЗИИ ОКОЛУ СМРТТА НА СКОПСКИ МАТУРАНТ Ачковска ја повлече објавата дека му била подметната дрога, МВР вели дека паднал од висина

НЕ СЕ ПРОНАЈДЕНИ ПОЧИНАТИ СРЕДНОШКОЛЦИ ВО ГРАДСКИОТ ПАРК Од МВР велат дека се работи за оркестрирани лаги

Поврзани содржини