Расел Кроу конечно ја преболе сопругата, се бакнува со 26 години помладата девојка ФОТО

1,342

Неколку месеци се шпекулираше дека актерот Расел Кроу (56) има нова девојка. Шпекулациите сега се потврдени откако папараците ги „уловија“ како разменуваат бакнежи за време на тенискиот натпревар во Сиднеј.

Станува збор за Бритни Териот, која е 26 години помлада од него. Таа глумеше со него во филмот „Скршен град“, а досега не коментираа ништо за нивната врска. После улогата во заедничкиот филм, Бритни престана да се занимава со глума и стана агент за недвижности.






Расел е голем љубител на тенисот, а за натпреварот новопечената двојка исто така и модно се усогласила. Актерот носе црн комплет шорцеви и маица, а Бритни кратко тениско здолниште и спортски топ.

Откако ги видоа за првпат во јавноста, фановите на актерот коментираа дека Бритни има неверојатна сличност со неговата поранешна сопруга, актерката Даниел Спенсер (51).

Тој се разведе од неа пред 2018 година по 15 години брак. Заедно имаат два сина: Тенисон (14) и Чарлс (16). Кроу своевремено тешко го прифати разводот.

 

FOTO: Diimex/Tviter

 

Поврзани содржини