РАСЧИСТЕНО УБИСТВОТО ВО ГОСТИВАРСКО ДЕБРЕШЕ Уапсени три лица
Извршителите на убиството се лишени од слобода, кај нив е пронајдена автоматската пушка од која е пукано, како и возилото Волво со кое сторителите се оддалечиле од местото на настанот.
Полициски службеници од СВР Тетово попладнево лишија од слобода три лица поврзани со убиството кое се случи денеска во гостиварско Дебреше околу 17.15 часот.
„Веднаш по добиената пријава дека е пукано врз Р.К.(35) од Дебреше воспоставена е оперативна акција „обрач” за пронаоѓање и лишување од слобода на сторителите. По кратко време, сторителите се лишени од слобода и тоа Б.В.(28), Ј.В (31) и Љ.В. (32), а пронајдена е и автоматската пушка од која е пукано, како и возилото Волво со кое сторителите се оддалечиле од местото на настанот“ – информираа од МВР.
Можеби ќе ве интересира
По документирање на случајот, ќе биде поднесена кривична пријава до надлежното ОЈО.